Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Св. Николе кажа дека проблемот со електричната енергија и со бунтот на жителите на Слупчане е надминат. Ковачевски кажа дека дивите приклучоци ќе бидат исклучени, и дека оние кои не платиле ќе мора да платат за електрична енергија.
„На тоа место имаше проблем со наплатата и дивите приклучоци, компанијата заедно со Министерството за економија имаше разговори со градоначалникот на Липково. Според кажувањата на граѓаните и на компанијата и на градоначалникот, тој проблем е надминат. Ќе влезат екипите на ЕВН, ќе направат увид во тоа кој бил приклучен на диво. Ќе се исклучат дивите приклучоци, а сите кои не ги платиле сметките ќе мора да ги платат и понатаму да се продолжи како на територијата на целата држава“, рече Ковачевски кажувајќи дека такви примери како во Слупчане има повеќе.
„Никој не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија“, рече премиерот.