Соопштение за јавност на СДСМ
Ставот на СДСМ и мојот став се јасни. Успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура, и кога ќе соберат храброст тие што немаат храброст нека ми се јават, кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени.
-Може да ми се јават кога ќе седнат и кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки, важни за иднината на државата. Јас мојот став веќе сум го искажал со ставање на мој потпис на уставните измени кои се поднесени во Собранието. Ние преговаравме долго со Бугарија, со Франција со други земји членки на ЕУ. Имавме помош од земји стратешки партнери наши и успеавме да испреговараме преговарачка рамка во која што имаме чист македонски јазик, заштитен македонски идентитет и култура, рече Ковачевски.
Ги отпочнавме преговорите со ЕУ и ја завршивме скрининг фазата. 2-рата меѓувладина конференција ќе биде одржана без никакви услови и без никакви закажувања штом ги завршиме уставните измени заради вклучување на други делови од народи во нашиот устав, вклучително и на бугарскиот народ и сметам дека тоа треба да се направи, додаде тој.
-Еднаш засекогаш треба да постои документ во кој јасно се диференцираат македонски од буагарски граѓани и конечно да падне во вода старата вмровска теза дека ова е еден народ кој живее во 2 држави. Напротив, со ова паѓа вмровската теза во вода и ќе имаме Македонци и ќе имаме дел од бугарски народ кој живее во Македонија. Колку се тие, тоа е определено со пописот и така како што се попишале граѓаните во Македонија, исто како што се попишуваат Македонците, Албанците и Србите, и Власите и Ромите и Бошњаците и сите други кои живеат во нашата држава, рече Ковачевски.
И откако ќе соберат храброст, овие што немаат храброст тогаш може да ме викнат мене за да кога ќе влеземе во собрание, пак им го презентирам тоа кое е направено од страна на врвни уставни експерти итн. И да седнеме сите заедно да го изгласаме во собранието. Ако сакаат да се присуствувам на состанокот, меѓутоа мојот и ставот на СДСМ е многу јасен исто како што имавме многу јасен став кога влегувавме во ОН исти тогаш тие што немаа храброст и сега немаат. Исто како што имавме јасен став при влегувањето во НАТО. Истите што тогаш немаа хрбарост и сега немаат. Исто како што имавме јасен став при прифаќањето на европската преговарачка рамка, отпочнувањето на преговорите и отпочнувањето на процесот на уставни измени. Што се однесува до мене уставните измени може да ги гласаме денес, утре, може да ги гласаме задутре, пред формирање на влада, по формирање на влада, на исти ден со формирање на Влада. Во 12 напладне, 12 навечер ,3 попладне, 3 сабајле, како ќе кажат така. Ние сме спремни тоа да се заврши и Северна Македонија конечно да ги отвори сите поглавја. Веќе 2 се спремни и за затвореање бидејќи ги имаме исполнето сите услови. Извештаите за првите 2 кластери се пристигнати, 3 те патокази ги испорачавме за Брисел. Македонија е подготвена да ги води, да ги заврши преговорите ид а стане земја членка на ЕУ. Сега зависи од одлучност и храброст, од ништо друго не зависи и затоа нашиот слоган е таков, како што заслужува Македонија. Одлучно и храбро и нема откажување од иднината, рече Ковачевски.