„Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба. Која ќе биде закажана за понеделник и ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Ковачевски истѕакна дека развојниот планот бара продолжување на реформските процеси кои се поред нас за кои имаме и политичка волја и капацитет да ги исполниме.