Германскиот канцелар Олаф Шолц беше запрашан да го прокоментира неодамнешното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев кој го испратил до ЕУ, критикувајќи го македонското лобирање во однос на спорот со Бугарија.
-Тоа е јасно договорено и треба така да биде. Треба да биде редовен пристапен процес. Тоа се напишани работи на хартија и не треба да дојде до други. За тоа јас стојам и гарантирам, рече македонскиот канцелар Олаф Шолц, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалните нови услови од бугарска страна на патот на Македонија кон ЕУ и пристапните преговори, со оглед дека се беше дефинирано од преговарачката рамка усвоена минатото лето.
Инаку, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски со највисоки државни и воени почести беше свечено пречекан од канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. Со построена гарда и интонирање на химните на двете држави, германскиот канцелар Шолц го пречека премиерот Ковачевски кој е во прва официјална посета на Берлин. Во делегацијата што ја предводи премиерот Ковачевски се и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.