Премиерот Димитар Ковачевски, кој од вчера учествува на Вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, што се одржува во Белград, денеска во Владата на Србија ќе се сретне со неговата српска колешка Ана Брнабиќ.

Воедно во Владата на Србија, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ.

Дополнително, под покровителство на Владата и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашното отворање на Вториот меѓународен саем за вино и билатералните средби, заедно со Димитар Ковачевски, Јаков Милатовиќ и други дојдоа на вечера во ресторан во главниот град, објави српски Курир

На Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ беше објавено видео од ресторанот, а претседателот Вучиќ заедно со премиерот на Македонија и претседателот на Црна Гора ја пееја добро познатата народна песна „Дајте вина, хоќу лом“.