Во подкаст емисијата на Сител телевизија, бившиот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во поопуштена атмосфера говореше за тоа како го добил прекарот Таче.
Ковачевски кажа дека и неговиот дедо се викал Димитар, а нагалено го викале Таки. Но, бидејќи бил со прилично мал раст, нагалено го завикале Таче.
Потоа и таткото на Ковачевски го носел тој прекар, а сега и тој. Претседателот на СДСМ појасни дека дури и неговиот син, некои негови пријатели, го нарекувале мал Таче.