Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција беше запрашан во однос на неговото патување во САД, каде што имаше работна средба со високи американски функционери. Тој беше запрашан во кое својство патувал неговиот син и дали тоа било платено со пари од буџетот.
-На сите приватни патувања на кои што патуваат членови на моето семејство, никогаш не било покривано со буџетски средства. Патуваат како и сите други и, доколку е потребно јас за секое нивно патување, ќе доставувам сметки пред јавноста. Сепак сметам дека е беспотребно со оглед на тоа дека како и сите други граѓани во државатта, секој има право да патува во однос на своите приватни активности, рече Ковачевски.