Обезбедивме 2,6 милијарди евра антикризни мерки за граѓаните, за повеќе од 2 години мандат како претседател на партија и како претседател на Владата докажав дека се грижам за граѓаните, ние работевме како Влада во едни тешки услови, услови на криза и успеавме да се справиме со сите предизвици, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во интервју за Алсат М телевизија.
Направивме многу, знам дека е тешко, ги разбирам граѓаните, и јас живеам овде, може да се направи повеќе и ќе направиме повеќе, додаде Ковачевски.
Секогаш може да се направи повеќе, се уште ние имаме пензионери кои кубурат да сврзат крај со крај, има родители кои ќе легнат гладни за да можат да имаат повеќе средства за своите деца утредента. Меѓутоа факт е дека досега ги зголемивме пензиите за 50%, ја зголемивме минималната плата, просечната плата и ќе продолжиме со такви мерки и во новата програма, рече Ковачевски
Не велам дека сме безгрешни, секако дека имаше грешки, имаше грешки во кадровската политика, имаше грешки во дел однесување на политичарите на начин на којшто јас не сметам дека треба да се однесуваат, бидејќи не е својствен за овие простори, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Алсат М телевизија.