(видео) КОВАЧКИ ДО АХМЕТИ: Али, почна како сталинист, марксист – ленинист, па потоа Че Гавара, а во суштина си само надри пејач од Зајас

/ 17.07.2022

Али се труди да биде вицкаст, па уште и дава мислење дека претседателот Мицкоски не бил Зеленски од Украина, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Не знам точно, но ми се чини дека веројатно тој статус му го пишувал чиракот Артан Груби, заедно седнати на масата до орманчето во Зајас каде се гледа дека Али краде струја од ЕВН и додека дели “големи” совети за други. После тоа, на фејсбук си објавува друг статус и тоа во кола вредна стотина илјади евра. Додека народот гладува, овие си се снимале како си пејат песни. На човек не му е толку криво што го прават тоа, колку што мислат дека народ им верува дека добро пејат додека всушност крадат. И сето тоа се случува додека и народот на Али и македонскиот народ гладуваат, додека е ограбуван и потценуван од таквите како него, и тие што одбрале да му слугуваат од предавничката влада. На фејсбук глумат патриоти, а надвор од него само делат тендери. Абре Али, ти си само крадец. На Мицкоски не си му ни до колена. Тој го води народот, а ти го пљачкаш. Не многу далеку од сега, и Албанците ќе му го постават прашањето на Али зошто Албанците во Албанија одат кон ЕУ, а македонските Албанци тапкаат во место. Одговорот сигурно нема да е некаде помеѓу песните на Али и местенките на Артан, истакна Ковачки.

Али почна како Сталинист, Марксист – Ленинист, се преставуваше како Че Гавара, а во суштина е надри пеач од Зајас, додаде тој.

Видео за пејачките квалитети на Ахмети може да отворите ТУКА.


Од истата категорија