Драган КОВАЧКИ
Ау каков непрофесионализам.
Да дознаам од медиуми дека Шеќеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.
Еве ја вистината:
Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шеќеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.
Чист аматеризам и своеволие.
Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.
Срамота, Шеќеринска на што се симнавте.
Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шеќеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.
Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.
Јас ова ќе ви го порачам:
Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат. Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.
Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.
Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници.