Еве го и министерот за внатрешни, и тој како и Славјанка Петровска што беше задоволна од својата работа (за што пишував вчера), е задоволен од признанието во анкетата на ИРИ дека граѓаните имале доберба во полицијата.
Е па, ако е признание да имаш 5% доверба и со тоа да се гордеете, тогаш нешто не е во ред.
Еве за да ја подобри довербата во МВР за следната анкета (ако ја дочекаат во позиција на власт):
1. Нека каже министерот кој од полицијата или од врвот на МВР ја проби акцијата Планина, зошто до ден денешен нема никаква одговорност за никого и до кога Македонија ќе се потресува од мафијашки пресметки на нарко-банди чиј подем е токму за време на неговото 8-годишно министерување.
2. Нека каже колку убиства на територија на Скопје се нерасветлени и зошто?
3. Нека каже министерот дали полициски службеници и началници се вклучени во рекетирање на казина и слични објекти?
4. Нека каже дали полициски службеници и началници се вклучени во бизнис со дрога?
5. Знае ли министерот дека се’ што има почеток, има и крај, а дека неговиот крај во МВР значи почеток на одговорност?
Пет отсто доверба било признание….Брука.