Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот, изјави Драган Ковачки, носител на Изборна единица 3.
Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети.
Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.
И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар.
Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта.
Ги повикувам сите граѓани на 8 мај да ни се приклучат, за проекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја.
Драган Ковачки, носител на Изборна единица 3