КОВАЧКИ: Мицкоски има целосен кредибилитет да продолжи да ја води партијата!

/ 04.12.2021

Во СДСМ имаат избор на претседател додека во ВМРО-ДПМНЕ имаме конгрес и една од точките ќе биде избор на претседател. На конгресот планираме значи да ја разгледаме новата доктрина на партијата, да се усвојат стратешките документи, да се потврдат стратешките правци и одредби на партијата и да се дефинираат идните правци за дејствување на партијата во услови на идните предвремени парламентарни избори со кои планираме да ја освоиме власта. Што се однесува до изборот на претседател засега според мои информации единствено претседателот Христијан Мицкоски ја има најавено кандидатурата, а според Статутот секој кој што ги исполнува условите може да се пријави дури и може да се пријави на самиот ден на конгресот, а тоа е 12-ти декември, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.

Ковачки додаде дека не може да шпекулира дали ќе има нови кандидати меѓутоа што се однесува до претседателот Христијан Мицкоски факт е дека тој со резултатите од последните локални избори го освои и легитимитетот и има потполн кредибилитет да продолжи понатаму да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас лично ја давам мојата поддршка за претседателот Христијан Мицкоски“, нагласи Ковачки.

Ковачки посочи дека се работи за нова доктрина која што ќе биде претставена, но не би сакал да открива детали околу самата доктрина.

„Доктрината ги опфаќа сите делови од функционирањето на општеството“, рече Ковачки.


Од истата категорија