„Во Македонија имаме заробени институции, обвинителството не е независно како што треба да биде по Закон. Обвинителството е под контрола на ДУИ и на Социјалдемократскиот сојуз. Меѓутоа ДУИ е тој што ги води работите. Доколку се случи да еден од нив падне во било каков процес, еве гледате и со случајот со Рамиз Мерко, гледаме дека тие не реагираат. А, нашиот стратешки партнер им кажува не им иницира туку тврди дека тоа е така, не прашува туку потврдува. Во Извештајот точно се потврдува дека има мешање во правосудството и зошто Мерко е ставен на црната листа. А, од власта не реагираат“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Ковачки додаде дека Владата е целосно контролирана од ДУИ и тоа Социјалдемократскиот сојуз го знае.
„Катастрофално е човек кој што бил премиер, кој што морал да ги знае односите со амбасадите како одат, кој што мора да ги знае правилата, има и законски норми по кои што се однесуваат амбасадорите. Вие не можете да го тужите амбасадорот, не дозволуваат законските прописи. За Македонија кога се работи тогаш се молчи, ќе ведне глава и ќе вика не е страшно да се прифати било што. Страшно е, заради тоа што со тоа ги осудувате идните генерации на пропаст. А, вам ако ви е загрозен личниот углед, ќе ве молам вие тоа треба да го докажете. Наместо да ги повикате институциите кои што патем речено институции вие сте ги „реформирале“, се сеќавате тој беше „реформаторот“ на судството. И сега тој истиот што го „реформираше“ судството тој му објаснува на австрискиот амбасадор дека верува дека се е во ред. Како е во ред? Значи седнала сериозна амбасада на сериозна држава ви пишува и ви укажува на конкретен случај дека член на вашето најблиско семејство прави работи кои што се недозволени. Ако требал да плати 4.5 милиони евра во меѓународна арбитража и сега избегнува за да не го плати, па тука ги вклучува работниците од катастар, адвокати, обвинители, судии во процесот, тоа е доказ дека во Македонија е се заробено“, нагласи Ковачки коментирајќи го последниот скандал поврзан со Заев.
Тој рече дека Заев откако ги изгуби изборите се повлече и постави еден пион кој што ќе го контролира.