Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во Штип, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.

,,Штип се менува пред нашите очи, се градат и реконструираат улици и патишта што ги поврзуваат нашите заедници и го олеснуваат секојдневниот живот на нашите граѓани. Се подобруваат условите во училиштата, за нашите деца да имаат современо и безбедно образование, во средина што ги поттикнува да учат и напредуваат. Се создаваат нови јавни површини и паркови, каде што можат граѓаните да се собираат, да се дружат и да уживаат во природата и слободното време. Се градат спортско рекреативни капацитети и се поддржуваат спортски и младински активности со цел да се развива енергијата креативноста и талентите на идните генерации“, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека во Штип се реализираат инфраструктурни проекти, со цел поквалитетни услови за живот на граѓаните, а додаде и дека  се вложува и во развојот на локалните бизниси со цел да се поттикне економска стабилност и отворање на нови работни места.

,,Штип денес не е ист како пред неколку години се чувствува промена се гледа резултат се гледа работа, Но овој успех не доаѓа сам, зад секој проект и секоја инвестиција стои силна поддршка од Владата на Македонија предводена од нашиот премиер Христијан Мицкоски“, кажа Ковачки и додаде:

,,Оваа Влада дека кога централната власт и локалната власт работат заедно, резултатите не изостануваат. Штип денеска добива значителни инвестиции и силна институционална поддршка од Владата, која го препознава потенцијалот на градот како центар на источниот регион“.

Ковачки нагласи дека со поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Штип ќе добие инвестиции во образование, здравство, енергетика, инфраструктура, и како што вели тој, тоа  е силата на вистинското партнерство, кога државата стои зад својот народ.

,,Затоа ве повикувам, поддржете ја советничката листа со број 9 предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Листа составена од вредни и посветени луѓе, што ја знаат општината, што се секој ден помеѓу народот и кои ја делат истата визија за Штип. Град на развој, шанси и безбедност. Нашата сила е во единството, помеѓу народот, градоначалникот, Советот и Владата. Кога сме сите на иста страна, успехот за Штип е неизбежен“, заклучи Ковачки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ