Драган КОВАЧКИ
Бујар Османи напишал писмо до пратениците со кое ни укажува дека сме требале да гласаме за промена на Устав.
Клучно прашање е од каде влече легитимитет тој господин?
Тој е министер за надворешни работи на Македонија, а ставот на македонските граѓани е јасен: НЕ за промена на Устав под бугарски диктат. Значи, за да го упати ова писмо тој не се повикува на поддршка од македонските граѓани, туку сака нечистата совест да му ја испереме ние пратениците.
Второ прашање е кој му даде право на Османи во име на Владата да врши притисок со некакви писма врз народни избраници кои се избрани на непосредни избори?
Неизбраниот од народ премиер Ковачевски повторно докажува дека е обичен кираџија во Владата кој е слеп послушник на Бујар Османи и Артан Груби за разнебитување на се’ што е македонско.
Трето прашање е зошто Османи кој насекаде говори дека толку се грижи човековите права, не се охрабри да ја праша Захариева, Радев и останатите бугарски политичари зошто не ги спроведат пресудите на Судот за човекови права од Стразбур?
Зарем од “конституцијата” на Бугарија зависи спроведување на Судски одлуки и зарем тој Суд од Стразбур е НЕевропски?
Четвртото прашање е: зарем е толкав криминалот од случајот “Пациент” во кој беше заплеткан Бујар Османи додека бил министер за здравство, за да мора да се откаже од своите сограѓани Македонци и да ги гази и понижува пратениците, а со тоа и граѓаните и да мисли дека тоа ќе остане неказнето?
Г-не Бујар Османи, Вие и Вашите зборови за нас се неважни како снег во јули.
Го изгубивте моментот кога требаше да седнете со нас на маса пред да прифаќате се’ што ќе Ви побараат на сметка на Вашите сограѓани Македонци.
Одамна немате кредибилитет да разговарате со нас.
Вашето писмо до нас како пратеници ќе заврши в канта.