Денеска ја прима цела Влада кај него, а пред 4 дена откажа средба со ОМО Илинден-Пирин, реагира пратеникот Драган Ковачки, во врска со најавената, па откажана средба на претседателот Стево Пендаровски со претставници на Македонците од Бугарија, наводно поради пандемијата со коронавирусот.

– За 4 дена ли стивна пандемијата, или претседателот Пендаровски не смее да ги прими Македонците од Бугарија од кои патем речено, денеска јавно се откажа и тазе вице-премиерот за ЕУ интеграции?- прашува Ковачки во неговата објава на Фејсбук.

Пендаровски, како што објавиваме, закажа средба па веднаш потоа ја одложи на неодредено време „поради пандемијата“. Денеска пак, новиот вицепремиер Бојан Маричиќ изјави дека „ние не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија“ во врска со малцинствата.

А вчера премиерот на Бугарија Кирил Петков изјави дека „Македонци во Бугарија не постојат“, но ќе се залага за правата на „Бугарите во Македонија“.

(Д.Г.)