Глобалната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС планира годинава да испорача 520 милиони дози вакцина против коронавирус во Африка, изјави директорката на програмата Аурелија Нгуен.
Таа на прес-конференција организирана од Светската здравствена организација за африканскиот регион кажа дека Програмата не е задоволна од досегашната дистрибуцијата на вакцините, но дека распределбата треба значително да се зголеми од септември.
Доцнењето во испраќањето на вакцината делумно се должеше на индиските ограничувања на извозот, што спречија КОВАКС да преземе дози од Индискиот институт „Серум“, еден од најголемите светски производители на вакцини, што ја произведува вакцината „АстраЗенека“.
Нгуен додаде дека КОВАКС досега доставила околу 25 милиони дози во 44 африкански земји.
До крајот на првиот квартал од 2022 година, КОВАКС планира да го снабди континентот со 850 милиони долази вакцини, бидејќи има убелдкиво најниски стапки на вакцинација во светот.
Директорот на Глобалната алијанса за вакцини „Гави“, една од организациите што управуваат со КОВАКС, во април кажа дека намерата е Африка да се снабди со 720 милиони дози вакцини во 2021 година.