Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.148 тестови, а регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција. Регистрирани сe 391 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица. Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.