Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1 814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи со ковид 19 . Починале две лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ се регистрирани уште две починати лица, во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Од 815 новозаболени од Скопје се 320, Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36, Прилеп – 32, Велес – 27, Гостивар и Струмица – по 26, Охрид – 24, Штип – 23, Кичево – 19, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Неготино – 16, Струга – 13, Кочани – 9, Ресен – 8, Дебар и Берово – по 6, Крива Паланка и Валандово – по 5, Крушево – 4, Свети Николе, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 3, Македонски Брод – 2, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1 случај.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 158 реинфекции. Во изминатите 24 часа оздравеле 1252 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на ковид 19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 328 995, бројот на оздравени пациенти е 315 083, на починати е 9 377, а на активни случаи изнесува 4 535.