Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19.
Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3, Тетово и Гевгелија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година.
Направени се 1.112 тестови преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-28, Биотек-26, Систина-21, лабораторија Лаор-13, Синлаб-29, Ремедика – 9, Плодност-17, Генеа-6, Никоб Лаб-49, ВФВ Медикал-7, Ели МедикаПлус-17, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 528.
Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.