Додека сите очи се вперени кон САД, Италија и Шпанија, ситуацијата со корона вирусот полека ескалира и во Германија, земја за која се чинеше дека ја држи ситуацијата под контрола. Во последните 24 часа, таму има 5 331 нов случај, додека досега вкупно се заразени 56 202 лица. Германија има вкупно 403 мртви, од кои 53 во последните 24 часа. Со над 1 600 критични случаи во овој момент, овие бројки бргу ќе се променат на полошо.
Не стои добро ни Холандија, држава која не ја примени стратегијата на што е можно поголема изолација, туку е поблага со рестриктивните мерки. Холандија има 8 762 заразени лица, што е 570 лица на еден милион жители или 2,5 пати повеќе од Македонија. Кон нејзината стратегија, досега се жртвувани 639 починати, односно 37 мртви на еден милион, со 761 лице кои се во сериозна состојба. Тоа што е проблем е што во последните 24 часа земјата има 1 159 нови случаи, па е нејасно дали Холандија премалку тестира, дали тестира само колку да не биде дека не го прави тоа или стратегијата на заразување на стадото за да се создаде имунитет не функционира. Зашто, ако се заразени, на пример 100 000 лица од 17-те милиони, 20 отсто или околу 20 000 треба да покажат симтпоми. А тоа не се случува.
Шведска е вторатљ земја која не воведе силни рестриктивни мерки. Таму има 3 447 заразени или 341 на еден милион, со вкупно 105 мртви односно 10 мртви на еден милион жители.