Мексиканската Влада денеска призна дека вистинскиот број на жртви на коронавирус во таа земја е повеќе од 321.000, што е за 60 проценти повеќе од бројот на смртни случаи официјално потврдени со тест, и кој досега изнесуваше 201.429.
Владата „тивко“ го објави извештајот во кој се наведува дека биле регистрирани 294.287 смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата до 14 февруари годинава, додека други 26.772 жртви биле потврдени со тесттови после 15 февруари.
Во Мексико, мал број граѓани се тестираат за Ковид-19, но болниците се преполни, па многу Мексиканци умираат дома пред да бидат тестирани.
Новите податоци го приближија Мексико до Бразил, кој е втора по смртност земја во светот, по САД, но Мексико, со 126 милиони жители, има многу помало население од двете земји.
Извештајот на Владата, исто така, потврдува колку бил смртоносен новиот бран на коронавирус во јануари, бидејќи се проценува дека на крајот на декември имало 220.000 смртни случаи поврзани со вирусот, додека бројот на смртни случаи скокна за 75.000 за само еден месец и еден половина.