Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три.
Директорката на Клиничкиот центар во Сараево Себија Изетбеговиќ објасни дека во Сараево се потврдени упте два случаја на заразени со вирусот и дека едно лице починало.
Станува збор за стара жена која премолчела дека била во контакт со ќерката која била во Италија.Жената починала во Здравствениот дом во Илиџа, а на коронавирус е тестирана по смртта.
Вториот заразен е маж од општината Илиџа. Во БиХ има досега 166 лица заразени со Ковид-19.
Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.