Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.002 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-15, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–37, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-27, Биотек-41, Систина-18, лабораторија Лаор-16, Синлаб-6, Ремедика-11, Плодност-18, Генеа-9, Никоб Лаб-71, ВФВ Медикал-5, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 523.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.