КОВИД 19: Нема починати, 81 позитивни од 734 тестови

/ 30.09.2022

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 734 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 55, Битола – 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 734 тестови: ИЈЗ-82, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-8, Биотек-149, Систина-3, лабораторија Лаор-5, Синлаб-13, Ремедика-3, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 291.

Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 495.


Од истата категорија