Во период од 28 ноември до 4 декември во Македонија се регистрирани нови 195 случаи на коронавирус што е зголемување за 12,1% во однос на неделата пред тоа. Направени биле 2.633 тестирања.
Новите случаи се потврдени во 14 градови, а најмногу има во Скопје – 139.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (78).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 152 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела. Во текот на минатата недела пријавени се 66 реинфекции, за 34,7% повеќе во однос на претходната недела. Не се пријавени починати лица.
Регистрирано е зголемување на инциденцата во последните две недели во 7 градови, со најголемо зголемување во Неготино и Струмица.