Бројот на Романци кои останаа без работа расте со забрзано темпо, јавија ромaнски медиуми.
Според најновите бројки на Министерството за труд, вкупно 155.000 Романци ги загубија своите работни места откако им беа раскинати договорите. Исто така, речиси 800.000 луѓе се технички невработени.
Бројките покажуваат дека само во последните два дена, бројот на луѓе кои останале без работа е зголемен за 45.000 и бројот на испратени на техничка невработеност е зголемен за 300.000.
Повеќето луѓе ги загубија своите работни места во области како што се трговија на големо и мало, производство, хотели, ресторани и градежништво.
Според податоците на Министерството за труд, времено прекинати се 795.229 договори за вработување и прекинати се 155.675. Пред два дена, бројот на прекинатите времени договори беше 498.778, а раскинатите договори беа 111.340, пренесува телевизијата Џиџи 24.