Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.

Направени се 1.090 тестови преку: ИЈЗ-110, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-9, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–25, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-37, Биотек-30, Систина-34, лабораторија Лаор-57, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-17, Никоб Лаб-47, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 527.

Досега во земјата се направени вкупно 2.065.025 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415.