Влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјата, почна да се рефлектира и меѓу странските дипломати меѓу кои се зголемува бројот на заразени.
По веста дека американската амбасадорка Јури Ким добила позитивен резултат на тестот, што самата ја објави на Твитер и амбасадорката на Шведска исто така е позитивна на Ковид-19.
Веста ја објави шведската дипломатка во Тирана, Елса Хасдат на својот профил на Инстаграм, наведувајќи дека ќе биде во самоизолација и оти од дома ќе ги извршува своите должности.
– Само што го добив резултатот од тестот со кој се потврди дека сум позитивна на Ковид-19. Ќе останам изолирана и ќе работам од дома. Моите мисли се насочени кон сите жени кои биле силно погодени од пандемијата. Останете безбедни, напиша Хастад.
Од 28 минатиот месец позитивен на Ковид-19 е амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца.
Во меѓувреме во Албанија не стивнува заразата, каде и вчера бројот на новозаразените е над илјада.
Како што информираше Министерството за здравство, од направените 3.982 теста, позитивен резултат е добиен кај 1.059 што е 27 отсто од тестираните. Во исто време починале 14 пациенти, меѓу нив и двајца доктори, кои иако биле во пензија, поради недостиг на лекари биле вклучени во здравствениот систем.