Во гостиварската болница има вкупно осум медицински лица кои се инфицирани со КОВИД 19. По направените тестирања изминативе денови, по трите случаи на заразени медициски лица, откриени се пет нови. Во општата болница „Др. Ферид Мурад“ биле земени 138 брисеви. Информацијата за новозаразените стигна синоќа како одговор на прашање поставено до портпаролот на Владата на Република Северна Македонија.
Епдимеолошките портоколи се спроведени откако минатата недела една медицинска сестра и еден лекар од интерното оддление се покажаа позитивни на корона тестот. Во петокот беше потврдено дека уште една медицнска сестра од инфективното одделение, исто така, е заразена.
Болничката управа од почеткот на состојбата воведе рестриктивни мерки за прием на пациенти и го ограничи влезот во болницата. Направена беше и реорганизација, па персоналот работеше во еднонеделни смени, за да, како што кажаа, се спречи ширење на инфекцијата помеѓу вработените и за да нема застој и затварање на одделi.
Општата болница е најголема здравствена установа во гостиварскиот регион со околу 500 вработени.
За новонастаната ситуација, најверојатно ќе se дискутира на денешниот состанок на кризниот штаб.