Со потврдени нови 94. 372 случаи на Ковид-19, Индија денеска регистрираше рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, што е најголем раст и на национално и на глобално ниво.

Вкупниот број на случаи на коронавирус во Индија достигна 4,75 милиони, а според тој параметар, само САД се пред нив со повеќе од 6,4 милиони заразени.

Според соопштението на Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 1.114 пациенти, со што вкупниот црн биланс од пандемијата во таа земја се зголеми на 78.586.

И  бројот на луѓе кои оздравеле од Ковид-19 во Индија се зголемува, бидејќи стапката на опоравување во таа земја е 77,77 проценти, благодарение на оздравувањето по речиси 70 000 пациенти дневно во текот на овој месец.

Строгит