Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 3.221 нов случај на коронавирус, а починале 13 лица.
Во Србија досега од вирусот се заразени вкупно 2.297.227 лица, а регистрирани се 16.750 смртни случаи.
Во моментов има 620 пациенти на болничко лекување, од кои 28 се на респиратор.
Во последните 24 часа тестирани се 12.595 лица, или вкупно 10.729.331.