Регистрирана е втората жртва со коронавирус во Тиквешко.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, утринава за МИА потврди дека починало 56 – годишно лице од Неготино, кое претходно се лекувало неврохируршки во Скопје, а било позитивно на КОВИД-19.
Пред извесно време, во Кавадарци почина албански државјанин кој работел во земјава, а кој исто така бил позитивен на коронавирус.