Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција денеска одржа вонреден состанок поради драстично зголемениот број заразени со Ковид-19 во земјата, а според грчките медиуми, била истакната препораката во здравствените установи да се носи маска, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, епидемиолозите ја разгледале актуелната ситуација во земјата, не донеле конкретна одлука, ја потенцирале силната препорака да се носи маска во болниците, здравствените центри, во домовите за грижа на стари лица, но и во јавниот превоз, а акцентот бил ставен на вакцинацијата, особено на лицата над 60 години.
Во изминатиот период во Грција, особено е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, аптеките секојдневно се полни со граѓани кои купуваат тестови за домашна употреба, а зголемената позитивноста кај тестираните примероци беше потврдена и во последните два извештаи на Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за периодот од 4 до 17 декември.
Според последниот извештај најзастапени подваријанта се EG.5 (Ерис), XBB.1.5 (Кракен) и ΒΑ.2.86, а потврдени се и случаи на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA. 2.86.
Грчката телевизија ЕРТ објави дека секојдневно во болниците се хоспитализираат во просек по 200-250 пациенти со Ковид-19.