Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението стои дека вкупно 237 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти и пет на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно девет пациенти со симптоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно седум болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Вкупно 237 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.