Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 379 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за гастроентерохепатологија. На Клиниката за неврологија биле примени четири пациенти и по еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за уво нос и грло.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника три во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести тројца пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти.
Вкупно 379 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.