Владејачката Комунистичка партија во Кина ги предупреди денеска своите членови да се придржуваат на марксизмот и ленинизмот и да не веруваат во „привиденија и во духови“. Тоа е обид на партијата да искорени суеверија и предрасуди.
Кина официјално гарантира слобода на вероисповед за христијани, муслимани и будисти.
Според Комунистичката партија, нејзините членови мора да бидат атеисти и изрично не смеат да посетуваат суеверни обреди и да не одат кај јасновидци. Во изминатите години имаше бројни скандали каде високи партиски членови беа обвинети за вмешаност во суеверни обреди.
„Решително да спречуваме да не се верува во Маркс и Ленин и наместо тоа да веруваме во духови и души, не верувајќи со тоа во вистината и верувајќи во пари”, се вели во соопштение на партијата.
„Решително се противиме на сите форми на погрешна мисла што искривува, погрешно го претставува или го негира марксизмот”.