Непознат крадец вчера ограбил банка во Солун и откако банкарскиот службеник му предал 7.000 евра, разбојникот побегнал пешки.
Според грчката полиција, крадецот бил вооружен, но не го употребил оружјето, ниту се заканувал.
Напаѓачот на службеникот само му предал пишана порака дека во тек е грабеж за да му ги предаде сите пари.
Властите сѐ уште трагаат по сторителот.