Никогаш во девет години односите на Кристијано Роналдо не биле лоши како сега. На Роналдо по се изгледа му дојде преку глава и реши да го напушти кубот, а изгледа и Реал се помирува со разводот на овој многу успешен брак.

Ситуацијата почна да станува интересна после финалето на Лигата на шампионите кога Португалецот даде шокантна изјава дека му било убаво во Мадрид и дека на фановите се подоцна ќе им објасни. Многу тоа сфатија како најава за заминување, а потоа Роналдо како и минатото на медиумите во својата татковина им даде ексклузива и тие лансираа приказна дека тој го напушта клубот затоа што е разочаран од третманот кој го добива.

Роналдо пушти приказна во јавноста на крајот на сезоната затоа што не сакаше да направи проблеми во тимот додека трае борбата за трофеи. Но, сега кога Лигата на шампионите е повторно освоена, веќе не можел да издржи. Од себе пушти се што една година собирал и за што стискал заби.

Тој уште минатото лето беше незадоволен од статусот во Реал Мадрид. Сметал дека договор кој го има не е на нивото на кое тој допринесува за клубот, а мора да се признае дека бројките се на негова страна. Во последните пет години Реал освои четири трофеи во Лигата на шампионите, а тој четири пати беше прогласен за најдобар фудбалер на светот. Тоа доволно говори колку тој бил значаен за успесите на Реал.

Но, претседателот на Реал, Флорентино Перез не сакаше адекватно да го награди, а што е уште полошо ја излажа својата најголема ѕвезда. Му вети зголемување на договорот кој изнесува 21.000.000 евра по сезона. Само за пример, Лионел Меси во Барселона заработува скоро 50.000.000 евра годишно, Нејмар во ПСЖ пак добива 37 милиони. Од Роналдо поголеми плати земаат и Оскар и Лавеци во Кина, а дури и Антоан Гризман ќе добива кога ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид.

Португалецот минатото лето бараше покачување на платата на 30 милиони евра плус бонуси во зависност од тимските и личните успеси во текот на сезоната. Реал тогаш му вети дека ќе биде задоволен со новиот договор. Минатиот месец и после елиминацијата на Јувентус, двете страна повторно седнаа на маса. Понудата од Реал гласела 25 милиони евра годишно.

Португалецот останал разочаран и повреден од таквото однесување на клубот. Се чувствувал изигран затоа што од Реал го погазиле зборот кој му го дале. Но сакал да ја заврши сезоната без да крева прашина.

Пред два дена на маса повторно седнале Перез, директорот Хосе Анхел Санчез и менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш. Понудата на Реал гласела 25 милиони евра плус бонуси со кои доколку Португалецот ги освои сите клупски и индивидуални трофеи ќе стигне до сума од 30 милиони. Мендеш одбил, а Роналдо преку него порача дека сега дефинитивно е готово. Перез смета човек од 33 години сепак не заслужува толкаво покачување на платата и дека не вреди да се вложуваат толку пари во него.

Марка пак вечерва тврди дека новост во целата приказна е дека Флорентино Перез прв пат после девет години кажал дека Роналдо може да си замине. Нема да го спречува со клаузулата од милијарда евра, како што тоа беше случај лани. Изгледа дека Флорентино решил да почнува нова ера на Реал Мадрид без Зидан и Роналдо.

Не се споменува цифрата за која Роналдо би можел да замине, како ни клубот до кој е најблиску. ПСЖ и Манчестер Јунајтед во моментов делуваат како единствени можни кандидати за потписот на Португалецот.

А Реал Мадрид веќе има план за понатаму. Перез на фановите кои сигурно нема лесно да му го простат Зидан и Роналдо, спремен е да им го подари Нејмар со трансфер кој би чинел 400 милиони евра.

Реал и Роналдо никогаш не биле поблиску до разделба. Ако во наредните неколку дена не ги видиме Роналдо и Перез како се ракуваат на промоција на новиот договор, ќе биде повеќе од јасно дека оваа преуспешна приказна е на крај. А со самото тоа и најава дека следи еден пеколен преоден рок.