Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека очекува Владата на Гвинеја утре да прогласи крај на епидемијата на ебола.
– Благодарејќи на лекциите кои ги научивме од епидемијата, благодарејќи на новите средства, вклучувајќи ги и вакцините, Гвинеја успеа да ја сузбие епидемијата за само четири месеци и да спречи ширење на еболата во соседните земји, истакна Гебрејесус.
Тој на прес-конференција додаде дека околу 11.000 луѓе се вакцинирани против ебола