Сите онлајн купувачи во Европската унија можат од денеска да пазаруваат без оглед од која држава се благодарение на Уредбата за забрана на геоблокирање, односно пренасочување кон интернет страници врз основа на земјата од која доаѓаат.

Со геоблокирањето, корисниците беа ограничени пристапот до „онлајн” трговија врз основа на државјанство, престој или IP адреса, а од денеска, „Уредбата на Европскиот парламент и Советот за решавање на проблемот со географското блокирање и други форми на дискриминација на внатрешниот пазар врз основа на националност, место на живеење или бизнис седиште на клиенти”.

Потрошувачите во Европската унија сега можат да изберат од кои веб-страници сакаат да купат стоки или услуги без да бидат блокирани или автоматски да се пренасочат кон друга веб страна врз основа на земјата во која се наоѓаат.

Трговците мора еднакво да ги третираат онлајн купувачите од друга земја на ЕУ и локалните купувачи т.е. да им овозможат пристап до исти цени или услови за продажба на производи