Утре нема да излезе „Независен“ е веста која ја објавија повеќе портали за престанокот со печатење на уште еден дневен весник во Македонија.

Дневниот весник „Независен“ беше покренат пред околу две години, спроти референдумот и во текот на кампањата за Договорот со Грција. А дали утрешното неизлегување ќе значи и згаснување на весникот засега не е познато, бидејќи новинарите не добиле прецизна информација.

Исвесно е само дека весникот утре нема да излегува, поради долг кон печатницата што го печати.

Весникот „Независен“ е во сопственост на грчки инвеститор во земјава, а на социјалните мрежи се шират разни шпекулации околу гаснувањето.