Почитувани,

Поминаа повеќе од 7 години владеење на ДУИ и нивниот измеќар СДС. Години на агонија и несигурност, непотизам, матни тендери и партиски вработувања. Ветувавте живот и шарени лаги само за да дојдете на власт и да го смените името на државата.

Денес се наоѓаме токму на едно од тие ваши ветувања. Овде зад нас е граничниот премин Клепало за кој еден висок функционер на СДС од Берово во 2020 година го прогласи за готов и најави негово брзо отворање па дури беше поетичен и направи компарација со една малешевска песна од три страни локални патишта од четврта граничен премин Клепало.

За среќа Малешево се уште од три страни сонце го грее а од четврта месечината. За жал од преминот позади нас може и сами да заклучите дека нема ништо.

Тоа се погубните и хаотични политики на СДС и ДУИ низ цела Македонија.

Затоа на 24-ти април, а подоцна и на 8-ми мај народот ќе ви ја испорача казната најпрво на државно ниво а потоа и на локално.

Време е да се случат промените и конечно со вашите лаги и манипулации да заминете во историјата.
Линк од ФБ објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово: