Британската кралица Елизабета Втора изрази увереност дека вредностите и интересите што ги споделуваат Велика Британија и САД ќе продолжат да ги обединуваат двете земји.
Во здравицата која синоќа ја одржа на банкетот во Бакингамската палата, приредена во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, кралицата зборуваше за силата на економските односи на двете држави.
– Додека гледаме кон иднината, убедена сум дека нашите заеднички вредности и интереси ќе продолжат да не обединуваат, рече кралицата.
Таа истакна дека го слават сојузништвото „кое со децении помагало да се осигураат безбедност и просперитет на двете нации” и истакна дека верува дека овој сојуз ќе трае уште многу години.