Холандскиот крал Вилем Александар денеска се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес.
Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.
-На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите.
Во говорот во Амстердам, кралот Вилем-Александар призна дека „монарсите и владетелите од лозата Орање не презеле никакви чекори против ропството“.
– Денес стојам овде пред вас како ваш крал и како дел од владата. Денеска се извинувам, рече тој.
Придружуван од сопругата, кралицата Максима, кралот призна дека не може да зборува во име на целата нација, но рече дека „огромното мнозинство“ холандски граѓани „ја поддржуваат борбата за еднаквост на сите луѓе, без разлика на бојата или културното потекло“.
– По признанието и извинувањето, можеме да работиме заедно на исцелување, помирување и обновување, додаде кралот.