Во Подгорица дошло до несекојдневна кражба кога во текот на ноќта била ограбена продавница за оптика со копање тунел од соседниот локал.

На фотографијата што беше објавена на веб-страницата на оптиката, јасно се гледа дупката низ која поминале разбојниците, а во таа прилика одзеле над 200 парчиња очила за сонце.

– Внимавајте, заштитете ги бизнисите и продавниците, напишаа тие.

Ова многумина од Подгорица ги потсети на неодамна ископаниот тунел до зградата на Судот, исто така, во главниот град на Црна Гора.

– Да не беше смешно, ќе беше тажно. Веројатно крадците ја искористиле тактиката и нашле инспирација за нивниот грабеж. Полесно би им било да работат и да заработат отколку да го ископаат тој тунел, вели Бојан П. од Подгорица.

За целиот случај се информирани надлежните институции, а по сторителите се трага.