Кремљ ги отфрли како апсурдни тврдењата на САД дека Русија се обидува да се меша во американските претседателски избори во ноември.
– Овие обвинувања се апсурдни. Одлучно ги отфрламе, соопшти Кремљ.
Претставници на американските разузнавачки агенции тврдат дека Русија ќе се обиде да влијае на изборите и оти Москва ангажирала компании кои би можеле да влијаат на јавното мислење.
Како се приближуваат претседателските избори во САД ќе има уште многу такви изјави, бидејќи Русија и нејзиниот претседател се важни фактори, кои и републиканците и демократите ги користат во политичката борба, особено за време на изборната кампања, истакна портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.