Кремљ и понуди на Украина разговори во Минск за неутралниот статус на земјата Кремљ денеска соопшти дека понудил разговори со Украина во белорускиот главен град Минск, откако Украина изјави дека е подготвена да разговара за неутралниот статус на земјата, но додаде дека Украина предложила разговори во Варшава.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Украинците потоа земале, како што рече, прилично долг тајм-аут и дека сега има „прекин“ во контактите, пренесе Ројтерс.