Украина ќе го врати Крим од руската власт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на обраќањето во живо на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос. Потоа зборуваше и за Путин.

„Не сум сигурен дека претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува на телевизија, е тој. Не сум целосно сигурен дека тој е жив и дека тој носи одлуки, односно кој одлучува таму. Какви луѓе се тие? Немам такви информации“, рече тој.

„Не разбирам баш како можете да им ветите едно нешто на европските лидери, а следниот ден да започнете целосна инвазија на земјата. Едноставно не разбирам со кого си имаме работа. Кога велиме „мировни преговори“, не разбирам сосема со кого треба да преговараме“, додаде Зеленски.

Кремљ одговори дека тој „постои и ќе продолжи да постои“. „Јасно е дека и Русија и Путин се голем проблем за Украина и за Зеленски, и јасно е дека господинот Зеленски, чисто психолошки, би сакал да не постојат ниту Русија, ниту Путин“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.